Низ кои чекори се одвива постапката за резервирање ?

Откако ќе го поднесеш образецот за резервација, ние ќе креираме сметка за тебе. Сите детали ќе ги добиеш по е-пошта. Сметката ќе ти овозможи пристап до апликацијата за патување DiscoverEU, каде што можеш да ги провериш железничките линии и времињата за да го планираш патувањето, пристап до твојата DiscoverEU European Youth Card картичка за да искористиш илјадници попусти ширум Европа, и да се приклучиш на DiscoverEU заедницата за да ги споделиш искуствата со другите патници. Ако избереш флексибилен билет, твојата Interrail мобилна пропусница ќе биде достапна во апликацијата.

Step 1

Избери ја твојата опција за патување

Избери која опција за патување најмногу ти одговара: флексибилната DiscoverEU Interrail пропусница или фиксни билети за патување од едно до друго место.

Step 2

Пристапи до твојот образец за резервација

Продолжи преку пристапување до твојата лична врска за резервација (која ти е испратена преку hello@start-discover.eu)

Step 3

Потврди го твојот идентитет

Како дел од образецот за резервација, ќе биде побарано да го потврдиш твојот идентитет.

Step 4

Поднеси го твојот образец за резервација

Штом си подготвен/а, пополни го и поднеси го образецот за резервација

Како да започнам со процесот на резервација?

Имаш добиено (или ќе добиеш) покана преку е-пошта со твојата лична врска за образец за резервација.

За да ја пополниш резервацијата за патување, треба да испланираш неколку работи. Најважно е да имаш лична карта при рака и да знаеш која опција за патување ја сакаш.

Подолу ќе најдеш краток преглед на главните разлики помеѓу флексибилната и фиксната опција за патување.

  • Најчесто,  флексибилното патување, Interrail мобилна пропусница е најкорисно. Тоа е Interrail мобилна пропусница која ти овозможува да патуваш на повеќе дестинации најмногу до 7 дена во период од 1 месец. Фиксното патување, патување од едно до друго место е многу повеќе ограничено во флексибилноста и бројот на достапни дестинации поради ограничувања во буџетот.
    Треба да имаш предвид дека дестинациите кои се далеку од твоето место на поаѓање, најверојатно не се во рамките на буџетот.
  • Затоа, патување од едно до друго место е совршено за патувања до блиски дестинации (како што е соседна држава).

Сакаш повеќе, детални информации?
Погледни во Центарот за помош, каде што ќе најдеш одговори на најчесто поставуваните прашања.

Консултирај се со Центарот за помош
start process

Кои се главните разлики помеѓу флексибилно и фиксно патување?

😎 Опција за флексибилно патување

DiscoverEU Interrail пропусница

Биди секаде каде што сакаш да бидеш, потполна флексибилност

Патувај без однапред одредени датуми и дестинации

Патувај без однапред одредени датуми и дестинации

Потврди ја твојата Interrail мобилна пропусница и подоцна заврши го истражувањето. Ќе можеш да ја користиш твојата мобилна пропусница во апликацијата за патување DiscoverEU. Можеш да ја активираш пропусницата до денот кога ќе почнеш да патуваш. За време на патувањето, планирај додека патуваш, промени ги насоките и дозволи патувањето да се одвива по својот тек.

Патувај со возови 7 дена во период од еден месец

Патувај со возови 7 дена во период од еден месец

Можеш да ја искористиш пропусницата 7 дена по сопствен избор во тек на ограничен период од 1 месец. Патувај наизменично, последователни денови или распореди ги деновите во текот на месецот. Можеш да организираш сè, директно од апликацијата за патување DiscoverEU.

Патувај самостојно или во група

Патувај самостојно или во група

Од тебе зависи дали ќе патуваш самостојно или во група. При пријавувањето на DiscoverEU може да избереш со кого ќе патуваш, но изборот може да го промениш и сред патувањето. Ако патуваш во група, секој од членовите на групата ќе има своја пропусница.

Патувај во земјата на престој/живеење

Патувај во земјата на престој/живеење

Твојата пропусница може да се користи само за две одредени патувања во земјата на живеење (се однесува на излезно и влезно патување).
Може да патуваш од која било локација во земјата на живеење до границата или до аеродром или пристаниште, може да патуваш со повеќе возови, ако патувањата се на истиот ден.

Патувај со сопствено темпо

Патувај со сопствено темпо

Со мобилната пропусница може да останеш подолго во некој град или да заминеш од дестинацијата порано од планираното. Доживуваш непријатности на патувањата, како што се откажани возови или доцнења? Може да одиш со следниот воз или да ја смениш рутата.

Важно да се знае

Важно да се знае

Пред да се качиш во воз, автобус или брод, секое патување мора да биде запишано на апликацијата за патување DiscoverEU во делот „Мое патување“ и да се додаде на твојата мобилна Interrail пропусница. За некои возови на долги релации потребно е да се направат дополнителни резервации за седиште. Европската комисија нема да покрие трошоци за резервации или други трошоци направени пред или во текот на патувањето.

📍 Опција за фиксно патување

Билети од едно до друго место

Непроменлива и поставена опција, твојот план за патување не може да се промени.

Патувај според однапред одредени дестинации

Патувај според однапред одредени дестинации

Истражи и планирај го патувањето пред да ги потврдиш билетите за патување. Планот за патување ќе биде резервиран со билети од едно до друго место и нема можност да се менува.

Патувај според фиксно планирање

Патувај според фиксно планирање

Знаеш кога сакаш да патуваш. Датумите се одредени, имаш фиксен план за патување и подготвен/а си да се упатиш на одреден датум и воз.

Патувај во група

Патувај во група

Само тие што се наградени како група ќе може да патуваат во група. За да патуваш во група, сите членови во групата мора да го пополнат образецот за резервација за патување.

Патувај во земјата на престој/живеење

Патувај во земјата на престој/живеење

Твоето излезно и влезно патување ќе биде резервирано со билети од едно до друго место. Може да патуваш со повеќе од еден воз, ако твојата прва дестинација е во странство.

Измени на патувањето

Измени на патувањето

Билетите ќе бидат резервирани само за одреден воз, без промени на плановите за патување.
Европската комисија нема да покрие додатоци за измени, нови резервации или други трошоци направени во текот на патувањето.

Важно да се знае

Важно да се знае

Плановите за патување од едно до друго место ќе бидат ограничени на возови кои овозможуваат онлајн резервации на билети. Во случај на откажувања или доцнења, патникот треба директно да ја контактира транспортната компанија. Дознај повеќе за правата на патниците на ЕУ овде.

Однеси ме во Центарот за помош